Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, но долговите се исплаќаат навреме-тврди Мицкоски

21

Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, имаат долг од 8 милиони евра, но Мицкоски тврди дека навреме си ги исплаќаат долговите. Кампањата ќе ја финансираат како и досега – од членарини на членството, донации и комерцијален кредит.

На прашањето, дали би прифатил донации и од контроверзни личности, Мицкоски одговори дека, на веб страницата на партијата е објавена сметката на која може да донира секој што сака.

Деновиве партискиот потпретседател изјави дека долгот на партијата е направен главно за изборни цели.