Здравко Чолиќ подари стан на човек кој остана инвалид: Уште еднаш покажа дека е голем човек

15

Медиумите во соседна Србија пренесуваат дека големата Балканска ѕвезда Здравко Чолиќ-Чола направил големо хумано дело за свој пријател во главниот град на Босна и Херцеговина.

Додека живеел во тој град, пејачот воопшто не се истакнувал, ните се правел важен, иако во тоа време тој бил мега-популарен низ целиот регион. Чолиќ бил таму сè до почетокот на деведесеттите години, кога избувна војната, па се преселил со семејството во Белград. Чола долго време живеел во населбата Грбавица. Кога заврши војната, според жителите на Сараево интервјуирани од новинарите во Србија, Здравко решил својот стан да го донира на пријател од Високо, кој станал инвалид поради повреди здобиени во тепачка и кој останал без неговиот имот.

Жителите на Сараево за овој гест велат дека за тоа зборувала целата чаршија, а повеќето од нив сè уште се сеќаваат на тоа. Покрај станот, пејачот поседувал и куќа во Хаџичи, Босна. Чола и тој имот го подарил на семејство од Фоча, кое за време на војната останало без покрив над главата. За овие свои хумани и великодушни дела никогаш јавно не зборувал, но затоа жителите на Сараево со задоволство спомнуваат колку е големо срцето на пејачот.

Нешто повеќе од една деценија откако владее мир во неговиот роден град, Здравко Чолиќ посакал повторно да има својот имот во Сараево.

– Сакам да купам стан во Сараево бидејќи се почесто го посетувам мојот град. Јас не сум личност која штеди пари. За време на сите овие години, живеев удобно, не премногу луксузно и имав нормални работи. Сега кога доаѓам во мојот град, морам да одам во хотел. Затоа најголема желба ми е да имам стан во родниот град и мислам дека ќе го реализирам наскоро – изјави пејачот во 2007 година.

Шест години подоцна, Здравко ја оствари својата желба. Според српските медиуми, тој во 2013 година купил стан на улицата Кошево (поранешна Краљ Томислав), во најелитниот дел на Сараево.

Имотот има 86 квадратни метри, се наоѓа наспроти Паркот на светлината, а тогаш квадратен метар чинел 2.000 евра, што значи дека Чола дал вкупно 172,000 евра за станот.

ПР-службата на пејачот им изјави на новинарите на Курир дека нема да коментира за ваквите информации.