Зеленски ги посети украинските војници: Победата е најважна работа, но не по секоја цена

3

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците на источниот фронт за подобро да ја разбере позицијата на украинските бранители, пренесуваат светските агенции.

Тој според написите го посетил командниот пункт и војниците на фронтот во областа Бахмут, во Донбас, а бил и на фронтот во Лисичанск, во областа Луганск.

Инаку, Лисичанск е оддалечен само неколку километри од Северен Доњецк, каде што се водат тешки борби. Во тој град во тек е украинска контраофанзива.

„Вие заслужувате победа, тоа е најважно, но не по секоја цена“, изјавил Зеленски.