Зеленски го посети Бахмут, им додели награди на најдобрите војници

5

 

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети Бахмут, соопшти заменик-министерката за одбрана Ана Маљар.

Таа рече дека Зеленски се сретнал со војниците и им доделил награди на најдобрите, пренесува Интерфакс Украина.

Бахмут, град во источна Украина, неодамна беше центар на најтешките борби меѓу руските и украинските сили.