Зеленски до Бундестагот: Урнете го ѕидот меѓу мирот и судирите во Европа

0

Повикувајќи се на падот на Берлинскиот ѕид, украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да го урне ѕидот меѓу мирот и судирите во Европа и да ја запре војната во Украина, пишува Ројтерс.

Потсетувајќи се на апелот на поранешниот американски претседател Роналд Реган до Михаил Горбачов, последниот советски лидер, да го урне Берлинскиот ѕид, Зеленски им рече на германските пратеници: „Тоа е она што ти го велам драг канцеларе Шолц: уништи го овој ѕид“.

„Дајте ѝ на Германија лидерска улога што ја заработи, за вашите потомци да се гордеат со вас. Поддржете ја слободата, поддржете ја Украина, престанете со оваа војна, помогни ни да ја запреме оваа војна“, додаде тој.

Тој и се заблагодари на Германија за нејзината помош, но им рече на пратениците дека нивната поддршка „дојде предоцна за да се запре војната“.

„Зошто „никогаш повеќе“ не важи“, праша тој. „Која е историската одговорност на Германија кон Украина денес?“.

Зеленски, исто така, ги критикуваше германските лидери за деловните интереси на земјата во Русија.

„Можевме да ја видиме вашата подготвеност да продолжите да соработувате со Русија и сега сме среде студената војна“, рече Зелесни.

„И повторно ова е нешто што не успеавте да го видите. Сè уште се заштитувате себеси зад ѕидот што не ви овозможува да видите низ што минуваме“, додаде тој.

#германија #украина #војна #володомир зеленски #бундестаг