Зеленски до Путин: Нема да има место каде што можеш да се скриеш. Освен гробот !!

11

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно им се обрати преку видео порака, испраќајќи му порака на рускиот колега Владимир Путин.

– Нема да простиме уништени куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана денеска го собори над Окматид. И повеќе од 500 проектили кои ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца.

Нема да простиме пукање на невооружени луѓе. Уништување на нашата инфраструктура.

Нема да простиме. Стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници страдања. Ниту Господ нема да прости.

Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка ќе биде суден ден – рече Зеленски. Тој рече дека ќе ги казни сите што извршиле злосторства врз украинските цивили, оној што пукал, оној што бомбардирал и оној што дал наредба. – Нема да има место на земјата каде што можеш да се скриеш. Освен гробот – рече Зеленски.