Зеленски е подготвен да преговара за крај на војната, ама само со Путин

5

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера имаше обраќање пред Светскиот економски форум во Давос, при што кажа дека единствен руски функционер со кој би разоварал во моментов е Владимир Путин.

Зеленски вели дека средбата со Путин би имала само една цел, а тоа е крај на војната која трае три месеци.

„Без него не може да се донесат одлуки. Мора да сме свесни за тоа. И ако зборуваме за одлука за крај на војната, тогаш таа одлука нема да биде донесена без него. Не прифаќам средби со никој друг од Русија, освен со првиот човек на државата“, кажа Зеленски.