Зеленски: Западните сили делуваа бавно и се грижеа само за нивната еконимија

9

Разговорите со Украина продолжуваат преку видео врска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.

Тој додаде: „постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор“.

Кремљ одделно рече дека идејата за создавање демилитаризирана Украина како Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната.Според сличен аранжман, најверојатно Украина нема да може да се приклучи на НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остри критики до колегите лидери за време на обраќањето во германскиот парламент.Тој рече дека додека руските сили се собирале на украинската граница пред инвазијата, западните лидери дејствувале премногу бавно и не отишле доволно далеку за да ја одвратат Русија.И дека се грижеле само за економијата. Тој рече и дека нема место за Украина во НАТО

Вчера Путин откако во САД беше прогласен за воен злосторник во неговото обраќање ги нападна неговите критичари , повика на „самопрочистување“ на Русија и рече дека Русите ќе ги „плукаат предавниците“ .Тој претходно го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден, велејќи дека неговите коментари за Русија се „непростливи“ и „неприфатливи“;

Во меѓувреме борбите продолжуваат .Регионалниот гувернер на Чернихив потврди дека вчера биле убиени 53 лица во градот. Во гранатирана зграда во градот биле пронајдени тела на три деца.

Десет лица биле застрелани од руските сили додека чекале леб во редот, соопшти американската амбасада во Киев.

Утринава едно лице загина, а три други се повредени откако остатоци од соборен руски проектил погодија станбена зграда во Киев, соопштија украинските власти.Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека добила дојава за пожар и оштетување на стан од 16 ката во областа дарницки во главниот град. Околу 30 луѓе се евакуирани додека продолжуваат спасувачките операции.

Украинските сили го таргетираат аеродромот во Херсон откако го зазедоа руските војници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека градоначалникот на Мелитопол е ослободен откако бил киднапиран од руските сили.

Генерал-мајор Олег Митјаев е четвртиот руски генерал, наводно убиен во борбите во Украина, според Киев.47-годишникот бил командант на 150-та дивизија на руската армија.Тој, наводно, бил убиен во Мариупол, кој со недели е бомбардиран од Русите.Советникот на украинското министерство за внатрешни работи Антон Герашченко сподели слика од мртвото тело на генералот.Русија досега само ја потврди смртта на еден генерал, а не ја коментираше смртта на генерал-Мајор Митјаев.