Зеленски и сопругата мета на критики откако позираа за Vogue: Народот умира, а тие се сликаат

42

Откако Олена Зеленска и Володимир Зеленски се појавија во новото издание на магазинот Vogue, брзо станаа мета на критики во јавноста.

Сопругата на украинскиот претседател се најде на насловната страница на најновото издание на Vogue, а таа и нејзиниот сопруг Володимир Зеленски позираа за неколку фотографии во магазинот.

Во големото интервју за Vogue, парот зборуваше за себе, за својот брак и за војната во Украина.

Интервјуто и фотографиите на двојката Зеленски од Vogue предизвикаа бројни негативни коментари на социјалните мрежи.

„Сега и таа е модел?“, „Не треба да ѝ помагаш на својата земја, наместо да се фотографираш за Vogue?“, „Нивните луѓе умираат, а тие се фотографираат“, пишуваат корисниците незадоволни од ваквата медиумска експонираност на украинскиот претседател и првата дама.

Двојката се запознала во средно училиште. Започнале да се забавуваат додека студирале, а во 2003 година ја основале продуцентската куќа Квартал 95. Ја снимале сатиричната програма „Вечерен кварт“ во која тој бил главна ѕвезда, а таа го напишала сценариото.

Олена и Володимир се родители на две деца, Олександра и Кирило, а по почетокот на војната, од безбедносни причини Володимир се раздели од семејството.