Зеленски: Нападите во Киев покажаа дека треба уште да се бориме, не смееме да го спуштиме гардот

8

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека најновите ракетни напади во Киев се најдобар доказ дека Украинците не можат да ја спуштат својата стража и дека мора да продолжат да се борат.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека проектилите полетале во главниот град веднаш по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Руските ракетни напади врз Украина, Киев, Фастив, Одеса и други градови уште еднаш докажаа дека не можеме да ја спуштиме гардата. Не можеме да мислиме дека војната е завршена. Допрва треба да се бориме и да ги истераме окупаторите – рече Зеленски.

Зеленски му соопшти на украинскиот народ дека САД и претседателот Џо Бајден подготвиле нов пакет поддршка за Украина во вредност од 33 милијарди долари.

– Поточно, за одбрана може да се издвојат повеќе од 20 милијарди. Планирани се повеќе од осум милијарди за поддршка на економијата, додека уште три ќе бидат одвоени за хуманитарна помош. Ова е многу важен чекор за САД.

И јас сум благодарен на американскиот народ и особено на претседателот Бајден за тоа. Се надевам дека Конгресот брзо ќе го поддржи ова барање за помош на нашата земја – истакна украинскиот претседател.