Зеленски на телевизија им пушти звук на сирена за тревога на Германците

12

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до Германија да го спаси Киев. Тој им се обрати на Германците преку телевизија.

„ Киев порано го нарекуваа ‘новиот Берлин’, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето. Сега Киев е затворен. Тој тивко чека нови сирени за воздушен напад за да ги принуди луѓето во засолништа“, рече Зеленски.

Тој објави снимка од 20 секунди од сирената за воздушен напад, нарекувајќи ја звук што Украинците го слушаат со „часови, денови и недели“.

„Звукот на сирената е нешто со кое Украинците живеат, работат и се обидуваат да спијат. Тие ги лекуваат раните, раѓаат бебиња и умираат. И Европа и особено Германците имаат моќ да вршат притисок врз Русија“, рече Зеленски. Тој им рекол на Германците дека без нивната „трговија, компании и банки, Русија нема да има пари да ја финансира оваа војна“.

Тој ги повтори барањата да се затворат европските пристаништа за Русија, да се откаже од руските извори на енергија и да се прекине снабдувањето со Русија.

„Сигурен сум дека мирот е можен. Но, мора да дејствувате за да го постигнете. Секој од вас во Германија, во Европа. За Киев повторно да се нарече нов Берлин, за нашите улици и плоштади да бидат безбедни како вашите“, порача Зеленски.