Зеленски побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ООН

8

Во своето прво обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации, украинскиот претседател Зеленски повика на итно дејствување по информациите за смртта на цивили во градот Буча.

Тој во своето обраќање рече дека руските сили убивале цели семејства, возрасни луѓе и деца и побара одговорност за тоа, а објави и видео од наводни руски злосторства во повеќе градови низ Украина.

Зеленски пред Обединетите нации побара и Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност. Рускиот претставник во Обединетите нации Василиј Небензја пак ги отфрли обвинувањата и повика лично Зеленски да преземе чекори за запирање на војната.