Зеленски: Преговорите се позитивни, но нема да ги намалуваме одбранбените напори

0

За украинскиот претседател Владимир Зеленски сигналите од мировните преговори во Истанбул со руската делегација може да се наречат позитивни, но додава дека тие „не ги задушиле експлозиите на руските гранати“.

Во вообичаеното видео-обраќање на социјалните мрежи на преминот меѓу два дена, Зеленски изразува претпазливост во врска со верувањето на Русија дека драстично ќе ги намали своите воени операции во некои области како што е околу украинската престолнина Киев и кај северниот град Чернигов, и речле дека Украина нема да ги попушта своите одбранбени напори.

Зеленски, исто така, вели дека не гледа причина да им верува на зборовите на некои руски претставници, иако континуирано бара директна средба со рускиот претседател Владимир Путин, на што во Истанбул се согласи руската преговарачка делегација но со тоа таа да се случи дури откако делегациите ќе постигнат договор и ќе го парафираат министрите за надворешни работи на двете земји.

„Можеме да кажеме дека сигналите коишто ги добиваме од разговорите се позитивни, но не ги придушуваат експлозиите на руските гранати“, рече зеленски додавајќи дека Украина може да верува само на конкретен резултат од преговорите.

Зеленски рече и дека и покрај руското ветуваање за деескалација во некои региони на Украина, „ситуацијата не стана полесна… руската војска сѐ уште има значителен потенцијал за продолжување на нападот врз нашата држава. Затоа не ги намалуваме нашите одбренбени напори“.

Украинскиот претседател повтори дека каков и да е миривен договор мора да го вклучува заминувањето на руските сило од украинска територија, како и дека не може да има компромис за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Нејасно е дали Зеленски притоа мисли на предлогот на украинската делегација во Истанбул за ериод од 15 години во кој би се разговарало за статусот доминатно рускиот црноморски полуостров Крим чиешто население во 2014-та се одреди за присоединување на Русија, што Западот го смета за нелегално анектирање на украинска територија. Според толкувањата во вторникот од страна на претставниците на двете делегации, Украина во предлозите се откажува по воен пат во својот состав да ги врати Крим и одметнатата проруска област Донбас.

Зеленски, исто така, повика на воведување уште построги санкции против Русија и ја отфрли идејата, во прв ред искажана во Лондон каде што предизвикаат проблеми во економската сфера, за укинување на сегашните казнени мерки додека „војната не заврши и правадата не се изврши“.