Зеленски: Русија ги користи неискусни војници како топовско месо

2

Сите веќе видоа како Русија дејствува во војна. Неискусните регрути беа фрлени во битка како топовско месо, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќното обраќање.

Тој рече дека Русија потрошила најголем дел од проектилите за уништување на цивилна инфраструктура, но без стратешки воен резултат.

„Тие фрлаат забранети фосфорни бомби врз училишта и станбени згради. Тие фрлаат проектили, од кои повеќето руската војска ги потроши уништувајќи цивилна инфраструктура без стратешки воен исход“, рече тој.

„Мораме да ги истераме окупаторите и да ѝ гарантираме на Украина вистинска безбедност. Нашите градови кои се под окупација, под привремена окупација, мора да знаат дека Украина ќе се врати“, рече Зеленски.