Зеленски: Руските мајки можат да добијат информација за своите синови кои се заробени

12

Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на мајките на руските војници, во својот говор измината ноќ.

Зеленски информираше дека се заробени нови руски регрути. Како што појасни претседателот, меѓу нив има и такви, кои одбиваат да се вратат во Русија. Имало и такви, кои руското раководство не ги спомнува и не се обидува да ги врати.