Земја од соседството е новиот дом на Сашо Мијалков?!

780

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, најверојатно заминал во соседна држава на Македонија, брифираат за НетПрес, извори од македонските разузнавачко-безбедносните структури.

Претпоставката е дека Мијалков во неделата попладне од хотелот Мериот, каде бил присутен до некаде 14.30 часот, заминал во Грција и дека моментно се наоѓа таму. Но, нема информации каде точно во Грција. Засега не се знае ниту дали тој Македонија ја напуштил легално преку некој од граничните премини со Грција – Дојран, Богородица или Меџитлија, што е малку веројатно поради ситуацијата со Ковид 19, или пак тоа го сторил илегално. Друга варијанта е дека Мијалков во Грција заминал преку Бугарија, со претходно изваден тест за Ковид 19, пишува Нетпрес.

Според нивни извори, поранешниот прв разузнувач се одлучил на ова бидејќи претходно соседна Грција не ги екстрадираше во Македонија Никола Бошковски и Горан Грујовски, и двајцата поранешни високи функционери во УБК, а обвинети во предметот Таргет-Тврдина, исто како Мијалков.

Целиот текст прочитајте го на Нетпрес.