Земјите што користат евра полесно ја поднесуваат инфлацијата

2

Извршниот потпретседател на Европската комисија е на мислење дека нема опасност од продлабочување на инфлацијата поради воведувањето на еврото. Цените, вели тој, не треба да растат прекумерно поради ова.

Влезот во еврозоната и Шенген се добри вести не само за хрватските граѓани, туку и за бизнис заедницата, изјави извршниот потпретседател на Европската комисија за економија Валдис Домбровскис на брифинг со хрватските новинари. Тој повтори дека тоа носи бројни придобивки.

-Со влегувањето во еврозоната позајмувањето пари поевтинува, цените на ниво на Европската унија стануваат потранспарентни, а тоа е важно за вашиот туристички сектор, а освен тоа еврото е втора најважна валута во светот, што значи дека вашата земја ќе биде заштитена од фискални шокови – рече тој.

Домбровскис е на мислење дека нема опасност од продлабочување на инфлацијата поради воведувањето на еврото. Цените, вели, не треба да растат претерано, а очекува зголемување до 1,3 процентни поени.

– Земјите чија валута е еврото подобро ја поднесува инфлацијата – тврди Домбровскис.

Извршниот потпретседател на ЕК вели дека според нивните досегашни прогнози во наредната година ќе се почувствува мала економска стагнација, но рецесија не треба да дојде.

Тој очекува и хрватската економија да порасне за еден процент.

Домбровскис изјави дека во цела ЕУ е забележана за 15 отсто помала потрошувачка на енергија во однос на третиот квартал лани, но напоменува дека целата ЕУ ќе мора да најде други добавувачи до следната година, односно зимата.