Земјоделство, меѓу опстанок и бизнис

48

Фисник ПАШОЛЛИ

Идеалната состојба би била да не се потценува земјоделецот, да не гледаме пусти ниви на секој чекор, да имаме имигранти кои се враќаат за да отворат ресторани и хотели, како дел од руралниот туризам, каде увозниот лоби ќе биде послаб од производниот лоби. Дали може да се живее на земјоделство и сточарство, или само може да преживее од тоа! Времето, како обично ќе биде најдобриот „судија“ за тоа. Македонија може веќе во 2027 година, после седум години преговори и разговори да стане полноправна членка на Европската унија во 2028 година, после завршувањето на сите потребни процедури. Иако периодот од осум години сега ни се чини далечен, сепак, искуствата на земјите членки на ЕУ, како што е Хрватска, не упатуваат дека од сега да се подготвуваме посериозно за голема конкуренција во европското земјоделство.

Само во 2018 година, во Хрватска се затворени над 800 млечни фарми, поради недостиг на работна сила, малите инвестиции во автоматизација на производниот процес и големата конкуренција. Дури сега Хрватска задоволува со своето производство, само половина од потребите на нејзиното млеко, во споредба со нивото од пред неколку години од 76 проценти од потребите што го исполнува од домашно производство на млеко.

Кога се знае дека одгледувањето и растот на кравите заедно со животните, месото, млекото и други производи имаат ефект што се мери со мултипликативниот ефект или што се намножува со шест пати кон економијата, бизнисот и полнењето на државните каса, останува да и ние учиме лекции од хрватските неуспеси. Ако производството на млекото го поставуваме во големата европска конкуренција после осум години, останува дискутабилно прашање дека колку ќе биде нивото на производството на млекото после овој период.
Дека оваа гранка на земјоделство бара поголемо внимание, покажуваат и статистичките податоци дека и покрај доделувањето на стотици и стотици милиони евра во претходните години за субвенции, сепак, количините на собраното млеко во 2018 година во однос на 2009 година се намалени за четвртина или 24 проценти. Во исто време, само ако ги посетиш нашите продавници, во нивната понуда со млеко доминира тој од извозот.
И домашните производители и преработувачи на млечни производи имаат потребна за поголема поддршка, за индиректна заштита од надворешна конкуренција и преку примена на по ригорозни стандарди за увоз, наместо на прехранбени и земјоделски производи.
На пример, на полиците на нашите продавници, купувачите се привлечени од млекото од Алпите произведени во Босна, додека, колку што знаеме од географијата, планините на Алпите не се протегаат во Босна.

Значи, локалниот производител ќе биде заштитен од надворешна конкуренција и преку примена на најригорозни стандарди за увоз наместо на прехранбени и земјоделски производи, но и со примена на најстрогите стандарди за квалитетот во домашните фабрики за храна. Можеби, одговорот кон конкуренцијата би бил посериозна и поголема организација во задруги, што ќе извезуваат преработки на млеко, почнувајќи од сирењата и понатака, каде ако цената за собирање на млекото е 16-18 денари и за 100 литри се заработува 30 евра, а утре со преработка 100 литри млеко ќе се произведуваат 14-15 килограми сирење или најмалку 75 евра. Или, наместо да извезуваат свежо овошје по цена од 30 центи за килограм, со нивната преработка цената ќе достигне барем едно евро.
Останува и понатака да се подобруваат работните услови, како за земјоделците кои живеат од земјоделство, но зошто да не за другите кои после редовното работно време, имаат можност да заработат дополнителни плати од обработка на земјиштето.

Сега останува да видиме дали ќе се создаде подобар амбиент во областа на земјоделство, луѓето да бидат нивни „газди“, наместо да чуваат добиток во Италија или Швајцарија. Да можеме да се гордееме со илјадници случаи, кога луѓето можат да живеат и од нивниот труд, каде има случаи, наместо една двојка што сади тутун, годишно да заработува 12 просечни плати.

Идеалната состојба би била да не се потценува земјоделецот, да не гледаме пусти ниви на секој чекор, да има имигранти што ќе се враќаат за да отворат ресторани и хотели, како дел од руралниот туризам, каде увозниот лоби ќе биде послаб од производниот лоби. Дали може да се живее од земјоделство и сточарство, или само може да се преживува од тоа! Како и обично, времето ќе биде најдобар „судија“ за тоа.