Земјотрес во Загреб: Војската на улиците, дете во критична состојба, тлото постојано се тресе (ФОТО)

50

Утрово во 6:23 часот земјотрес го потресе Загреб со јачина од 5,5 според Рихтер.

„Земјотресот од утрово, нешто после 6 часот наутро беше со јачина од 5,5 степени по Рихтер со епицентар кај Маркушевац и Кучерје. После тој земјотрес, имаше два посилни кои се почувствуваа многу силно во Загреб и околината, еден со магнитуда 5 и еден со магнитуда 3.7“, изјави водителката на сеизмолошката служба, Инес Иванчиќ.

По земјотресите од утрово на територијата на Загреб, од Јавната противпожарна станица на Градот Загреб се дознава дека има заробени лица, јави Индекс.

Една 15-годишна девојка е во критична состојба. Директорот на загрепската Клиника за детски болести Клаич известува дека станува збор за девојка која е тешко повредена и се борат за нејзиниот живот.

„Поставивме шатори и контејнери ако земјотресот се повтори да можеме да се грижиме за децата“, додаде тој.

Пред Петровата болница по земјотресот родилките со бебињата излегле надвор. Надвор е навистина ладно, а мајките со бебиња во ноќници и наметки стоеле надвор. И медицинските сестри држеле бебиња во рацете.

Н1 известува дека жените кои треба да се породат се пред болницата во автомобили. Болницата е празна.

Како што пренесува Индекс, некои болници во Загреб се оштетени од земјотресот. Пациентите од клиниката Ребрo биле исто така надвор додека не биле преместени во понови згради.