Земјотрес во западниот дел на Македонија, почувствуван и во Скопје

84

Земјотрес со јачина од пет степени според локална Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија. Земјотесот којшто се случи во 4.54 часот е почувствуван на цела територија на земјава. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Скопје, Прилеп и Битола.Нема информации за материјална штета.