Земјотрес во Хрватска

8

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер бил регистриран утрово околу 7 и 30 часот во подрачјето на Банија, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, а бил почувствуван во Петриња и околните места.