Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар

4

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 06 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 20.05.2021 година во 12 часот и 06 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.3.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.