Земјотрес со епицентар во Албанија со интензитет од 3,5 степени по Рихтер

10

Во Албанија синоќа на полноќ бил почувствуван земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала . Епицентарот бил во Албанија на 160 километри југозападно од Скопје, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во соопштението е наведено дека според Рихтер земјотресот бил со интензитет од 3,5 степени и е почувствуван од населението особено во југозападните делови на земјава.