Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Грција

4

 

Земјотрес со јачина од 4,9 степени, според првичните процени на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран во 14.30 по локално време во централниот дел на грчкиот остров Евија.

Земјотресот со долго траење и силен интензитет освен на Евија, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Засега нема информации за повредени или за материјална штета.