Зеќир Рамчиловиќ избран за потпретседател на Собранието

12

Со 62 гласови „за“ и 12 „против“ независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието. Тој ќе го пополни испразнетото потпретседателско место во Собранието на Весел Мемеди кој даде оставка од функцијата пратеник.

Рамчиловиќ беше предложен за нов потпретседател на Собранието од страна на пратеници од ДУИ и од СДСМ.

На предлогот кој минатата недела беше доставен до Собранието се потпишани 23 пратеници – меѓу кои Ејуп Алими, Џевад Адеми, Мирсада Емини, но и потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Бетиан Китев, Мира Стојчевска, Александар Филиповски и други.

Претходно, Рамчиловиќ кој беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ преку писмен допис го извести Претседателот на Собранието Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група. Се очекува по изборот за потпретседател, Рамчиловиќ да се изјасни дали ќе дејствува како независен пратеник или како дел од пратеничката група на СДСМ.