Зибери: ДУИ помогна да се отворат границите без протоколи, дојдете гласајте за Албанец премиер

25

Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер.

Тој на Фејсбук напиша дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, вели Зибери.