Зибери: Народен правобранител не е само декор во системот

35

Насер Зибери, новиот народен правобранител, по давањето на свечената изјава во Собранието, во изјава за медиумите рече дека ќе биде во непосреден контакт со јавноста и граѓаните.

Наследникот на Иџет Мемети, кој оствари два полни мандати во времетраење од 16 години, најави дека ќе бидам во служба на граѓаните, но и дека порано како политичар често знаел да ја критикува власта.

– Уште кога одлучив да се кандидарам за оваа функција, имав некои свои гледишта и таа визија ќе се обидам докрај да ја наметнам а тоа значи дека во прв план оваа функција мора да го добие своето соодветно место во системот. Второ, граѓаните мора да имаат доверба во иннтитуцијата. Ќе ги искористам сите правни инструменти, кои значат непосредна комуникација со јавноста – со медиумите и со граѓаните. Ќе испратам и порака дека функцијата народен правобранител не е само декор во системот, туку бедем за заштита на правата на граѓаните, рече Зибери.