Зидан: Бензема е најдобриот француски напаѓач во историјата

19

Реал Мадрид, синоќа, вложи многу труд за да забележи победа над Атлетико Билабо (3:1). Реал се израмни на првото место во Ла Лига со Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, со тоа што Атлетико има два натпревари помалку. „Кралскиот клуб“, од 14.минута имаше играч повеќе на теренот, а до победата дојде со двата гола на Бензема во 74. и 92.минута.

Поранешниот француски репрезентативец, од почетокот на сезоната, има одиграно 16 натпревари, постигнал десет голови.

На последните три натпревари Бензема постигна четири гола.

„За мене Бензема е најдобриот француски напаѓач во историјата, мислам дека тоа на сите им е јасно. Одиграл повеќе од 500 натпревари за Реал, постигнал многу голови. Денес е многу подобар играч него што беше пред неколку години, бидејќи тој константно напредува. Не е класичен шпиц игра, не размислува само да постигне гол, тоа ми се допаѓа. Секогаш е на вистинското место кога треба да постигне гол и кога на тимот му се потребни неговите голови“, рекол по триумфот над Атлетик, Зинедин Зидан.

Бензема е играч на Реал од 2009 година. За неговиот трансфер Реал на Лион им плати 35 милиони евра. Досега има одиграно 529 натпревари, постигнал 259 голови и забележал 138 асистенции.