Зимава во Британија можни 120.000 мртви од Covid-19 во вториот бран

10

Велика Британија може да се соочи со уште посмртоносен втор бран од Covid-19 оваа земја, кој може да однесе до 120.000 човечки животи во најлошото сценариот, предупедија во вторникот здравствените експерти.

Имајќи предвид дека е поверојатно дека новиот коронавирус повеќе ќе се шири во текот на зимата кога луѓето минуваат повеќе време заедно во затворени простори, вториот бран од пандемијата „би можел да биде посериозен од овој низ кој штотуку минавме“, изјавил Стивен Холгејт, професор и коавтор на извештајот на Британската академија на медицинските науки (AMS).

„Ова не е предвидување, туку е можност. Смртноста би можела да биде поголема во новиот бран на Covid-19 оваа зима, но ризикот тоа да се случи може да се намали доколку веднаш преземеме мерки“, рекол Холгејт во текот на онлајн брифинг.

Во моментов бројот смртни случаи од последиците на Covid-19 во Обединетото Кралство е околу 45.000, и е највисок во Европа. Вклучувајќи ги и сомнителните случаи, починале повеќе од 55.000 луѓе, според пресметката на агенцијата Reuters на официјалните податоци.

Од Академијата наведуваат дека постои „висок степен на неизвесност“ во врска со тоа како ќе се развива епидемијата на Covid-19 во Обединетото Кралство, но истакнуваат дека „разумното сценарио за најлошиот случај“ каде ткн репродукциската бројка или ткн вредност R расте на 1,7 од септември.

R вредноста е просечен број луѓе на коишто заразено лице ќе им ја пренесе болеста, моментно е меѓу 0,7 и 0,9 во Обединетото Кралство и бројот на дневните случаи на зараза и на смртни исходи е во пад. R вредноста над 1 може да доведе до експоненцијален раст.

„Моделот проценува 119.00 смртни случаи во болниците во периодот меѓи септември 2020 и јуни 2021 година“, се наведува во извештајот на AMS, а тоа е двојно повеќе отколку во првиот бран.

Претседателката на AMS, Ен Џонсон, изјавила дека сезоната на тешкиот грип во комбинација со голем број пациенти заболени од други болести и со хронични состојби дополниелно го зголемила притисокот на здравствените служби, истакнувајќи ја потребата веднаш да се преземат подготовки.

„Covid-19 не си замина. Треба да сториме сѐ што можеме за да останеме здрави оваа зима“, рекла Џонс.