Зимскиот распуст за учениците започнува на 31 декември и ќе трае до 20 јануари

86

Утре почнува зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Наставата продолжува на 21 јануари. Додека учениците се на зимски распуст, наставниот кадар и сите инволвирани ќе имаат можност да испраќаат идеи и предлози за Нацрт-концептот за основно образование. Документот од 48 страници беше објавен на веб-страницата на Министерството за образование на пет јазици македонски, албански, турски, босански и српски јазик. За да се подобри содржината на законот, идеите и предлозите треба да бидат испратени до 20 јануари. Официјално, Министерството за образование сè уште нема конечна одлука дали второто полугодие ќе продолжи онлајн или со физичко присуство. Пред извесно време министерката Мила Царовска најави дека наставата може да продолжи онлајн бидејќи моделот покажал резултати.