„Зимските бебиња“ се поголеми од „летните бебиња“

7

 

Според неодамнешното истражување кое го разгледувало раѓањето на бебињата во различни периоди од годината, откриено е дека бебињата родени во зимските месеци се поголеми.

Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Квинсленд во Австралија проучувале популација од седумгодишни деца и откриле дека бебињата родени во текот на зимските месеци се потешки и имаат поголем обем на главата. Исто така, откриено е дека зимските бебиња се посмирени и се однесуваат поучтиво.

Тим на истражувачи од Оксфорд открил дека овие деца имаат поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза, бидејќи во текот на зимата добиваат помала количина на витамин Д, па нивните коски се послаби.

Овој недостаток може да се поврзе и со ниска апсорпција на витамин Д додека фетусот е сè уште во утробата.

Научниците од Универзитетот Принстон тврдат дека бебињата зачнати во мај имаат поголеми шанси да се родат предвреме.

Интересното е што бебињата кои се родени околу божиќните празници имаат шанса да живеат околу 100 години.