Зимското сметање на времето ви носи и проблеми, еве на што треба да внимавате

31

Зимското сметање на времето ви носи и проблеми, еве на што треба да внимавате
Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето.

Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава.

Експертите за спиење тврдат дека луѓето потешко се прилагодуваат на летното, отколку на есенското поместување на часовниците, заради губењето еден час сон. Организмот многу полесно го поднесува преминот кон зимското сметање на времето, поради малку подолгиот сон. Шведски научници утврдиле дека бројот на срцеви удари опаѓа во неделата кога се преминува на зимско сметање на времето, додека пак стапката на срцеви удари расте на пролет кога се преминува на летно сметање на времето.

Сепак дополнителниот час спиење при преминувањето на зимското сметање на времето, го добиваат само мал број лица. Многумина се будат порано, се будат неколку пати во текот на ноќта и имаат неквалитетен сон. Најголем проблем имаат лицата кои спијат помалку од седум часа.

Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.

Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот.

Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно.

И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток.

Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март.