ЗОИ Пекинг: Ана Цветановска го освои 95 место од 98 натпреварувачи на 10 километри

13

Македонска претставничка Ана Цветановска го освои 95 место од 98 натпреварувачки во нордиско скијање на 10 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Цветановска делницата ја помина за 39.57.7 минути.

Македонската претставничка на Зимските олимписките игри во Пекинг 2022, Ана Цветановска натпреварувањето во крос-кантри скијање на 10 километри го заврши на 95. место од 98. натпреварувачки со време од 39:57.7 минути. Цветановска беше подобра од Дијаз Гонзалес од Аргентина, од Пониа од Унгарија и од Гркинката Тита.

Норвеженката Тереза Јохауг го освои златниот медал дојде со време од 28:06.3 минути и беше само четири десетинки побрза од Финката Керту Нисканен. Третопласираната Криста Пармакоски од Финска која го освои бронзениот медал задоцни 31.5 секунди зад олиомписката шампионка.
Ана Цветановска не настапи на трката на скијатлон 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација само лимитиран број на нордијки да настапат во оваа дисциплина и за жал македонската претставничка не беше меѓу нив.