Зошто Конзулатот на Косово е во Струга, а не во Битола?

33

Концентрацијата на целото внимание на центрите и средините населени со албанско мнозинство, каде спаѓа и туристичка Струга и елиминирањето на  Битола од политичка и културна  диоптрија на нашите фактори  ги докажува дефектите што денеска ги има албанскиот свет во одредувањето на приоритетите. А ова води до фактот дека ниту Приштина ниту Тирана немаат идеја за национална стратегија за културен и духовен развој на целиот албански простор.

 

Од Емин АЗЕМИ

 

Историскиот град Битола деновиве е многу актуелен. Освен манифестациите поврзани со Конгресот на Азбуката, тука се и бројни посети од целиот албански простор што го претворија овој град во омилена дестинација. Некој со право ќе го нарече свето место за културен аџилак кој потсетува на дел од албанската историја.

Меѓутоа, се чини дека само официјална Приштина нема впечаток заБитола и историскиот контекст што го има овој град во формирањето на културната и образовната традиција на Албанците. Идејата да се направи Струга, а не Битола, конзуларно седиште на Косово, зборува за недостатокот на смисла од страна на оваа држава – во заживувањето на славата на градот  Битола. Конзулатот  на Албанија постоел уште од времето на крал Зогу, потоа во текот на Втората светска војна и од 1945 до 1948 година, и е изненадувачки како не е земено во предвид ова претходно искуство од државата Косово за продолжување на традицијата денес.

Пелагонија како регион, каде се сушат етничките артерии на Албанците, неправедно е занемарен од институционална грижа, додека Битола, како епицентар на некогашните културно-историски вриења, ја плаќа скапо цената на ова занемарување. Концентрацијата на целото внимание на центрите и средините населени со албанско мнозинство, каде спаѓа и туристичка Струга и елиминирањето на  Битола од политичка и културна  диоптрија на нашите фактори  ги докажува дефектите што денеска ги има албанскиот свет во одредувањето на приоритетите. А ова води до фактот дека ниту Приштина ниту Тирана немаат идеја за национална стратегија за културен и духовен развој на целиот албански простор.

Битола, град на некогашна слава, денес е претворен во едно необично изолирано маало на Албанците, кои стануваат живи само во Деновите на Азбуката. Оваа виталност  зазема динамика само после активностите што ги организира Институтот за духовно наследство на Албанците (И ДННА)-Скопје, кој е многу активен во ревитализацијата на историското паметење преку конкретни проекти, како што е на пример отворањето на посебен Оддел за негување на традицијата на семејството Ќириази од Битола. Доколку недостасуват овие идеи и проекти, Пелагонија полека ќе се гледа како осамено острово на мапата на албанските недостатоци, додека Битола ќе се учи во подоцнежните книги на историја како град во кој сите балкански држави имале нивни конзулати, освен Косово. Некој од дипломатијата на оваа држава лесно ќе одговари со коментар дека и од Струга може да се покрие Битола, но тоа не е достоен одговор. Не бидејќи Битола не може да се покрие од Струга, туку зошто Битола треба да биде конзуларно седиште на албанската дипломатија? Најпрвин, се поврзува со многу димензионалниот карактер што го има овој град, а доволно е да се спомнат само две: првата димензија – аспектот на славата и културно- историската традиција, како и втората димензија – мотивацијата на локалните жители на Битола и Пелагонија за да се поврзат посилно со нивните национални, културни и образовни аспирации со овој дел од албанството.

Да си Албанец  денес во туристичка Струга, каде што уживањето во езерската риба, со менито на дипломатска незрелост, е многу лесно. Меѓутоа, Битола има потреба за поинакво мени…. Таму има софра, но за жал Приштина индиректно, со својот кратковиден став, им вели на луѓето да ја напуштат таа празна софра, затоа што таму менито треба да им се остави на балканските соседи, кои во овој случај, како и во минатото, се покажаа повешти и по далековиди од албанската дипломатија.

(Коха.мк)