Зошто Русија има помалку заразени од коронавирус од Луксембург?

15

Бројот на заразени се зголемува, но Русија, земја со 146 милиони луѓе, има помалку потврдени случаи на коронавирус од Луксембург – заразени се само 438 луѓе.

Си-Ен-Ен се прашува: Дали Русија го држи коронавирусот под контрола?

Според информациите кои ги објавиле руските власти, изгледа стратегијата на Путин функционира.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија е изненадувачки мал и покрај тоа што Русија има многу долга граница со Кина и дека првиот случај на заболен е забележан од јануари.

Бројот на заразени се зголемува, но Русија, земја со 146 милиони луѓе, има помалку потврдени случаи на коронавирус од Луксембург – заразени се само 438 луѓе.

За разлика од нив, во Луксембург каде има 628.000 жители, има 798 случаи на коронавирус и осум смртни случаи.

Руските мерки на рано реагирање како затворање на границите во должина од 2.600 километри со Кина уште од 30 јануари и воспоставување на зона на карантин, можеби допринеле до одложување на избивање на епидемија во полн ек, навеле одредени експерти.

„Генералниот директор на СЗО рече тестирајте, тестирајте, тестирајте“, изјави во четвртокот за Си-Ен-Ен д-р Мелита Вујновиќ, преставничка на СЗО во Русија.

„Па, Русија тоа го започна буквално на крајот на јануари“, кажала таа и додала дека Русија покрај тестирањето, презела и поголема низа на мерки.

Тоа не значи дека немало „дупка“ во руската одбрана.

Русија не започнала веднаш да ги тестира тие кои дошле од Италија или другите тешко погодени земји на ЕУ, ограничувајќи контрола над луѓето кои доаѓале од Европа со мерење на температура и воведување на двонеделен карантин.

Според здравствените соопштенија, повеќето случаи на коронавирус пријавени во Русија се дојдени од Италија. Сепак, Русија се бори со голем јавен скептицизам, што е наследено од минатото.

На социјалните мрежи, Русите поставуваат прашања кои се однесуваат на лошата транспарентност во нивната земја, како што е криењето на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година и реакцијата на земјата на епидемијата на ХИВ во осумдесетите години.