Ива Дамјановски ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата

18

Младата поетеса Ива Дамјановски е годинашната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, што Струшките вечери на поезијата ја доделува за најдобро поетско издание меѓу два фестивала. Таа е наградена за книгата „Двоумење“, во издание на „ПНВ публикации“.

„Ако изминатава година во поетската продукција на македонски јазик има нешто што може да ја понесе толку употребуваната синтагма ‘книжевен настан‘, тогаш тоа е книгата на Ива Дамјановски. Како хабитус на една нова генерација, оваа книга е доказ и показ дека македонскиот јазик е сочен, жив и квалитетен материјал, од кој може да се изградат песни кои се стимулативни и за уво и за срце и за мисла“, стои во образложението на жирито во состав Ангелина Бановиќ-Марковска (претседател), Анастасија Ѓурчинова, Соња Стојменска-Елзесер, Душко Крстевски и Никола Маџиров.

Дамјановски (24) ја промовираше својата прва стихозбирка во јуни.