ИВЗ: Прекинуваат молитвите со верници во џамиите

6

Исламската верска заедница најави дека ќе ги прекине молитвите со верниците кои се спроведуваа во џамија.
-Намазот со џемаат нема да се обавува, но музеи ите се обврзани да го учат езанот во џамиите низ целата земја. Нема да се клања Џума Намазот во џамиите и затоа верниците се должни наместо Џума Намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз, изјави поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.
Вицепремиерот Бујар Османи побара одлуката на ИВЗ да ја следат и останатите верски заедници.