Иво Котевски е назначен за управител на компанијата во чија сопственост е хотелот „Мериот“

81

Поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски е назначен за нов директор на компанијата „Хотел Гранд М“ во чија сопственост е хотелот „Мериот“. Тој доаѓа на местото на Дарко Дракуловски. Котевски за НоваТВ ја потврди информацијата.

Хотелот „Мериот“ е дел од имотот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој беше замрзнат од Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеца во судскиот процес „Империја“.

Компанијата на чие чело е назначен Котевски е во партнерска сопственост на фирмите „Дивелоп Груп“ и „Бест Веј инвестмент“.

Котевски беше помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР) до 2015 година, а потоа ја презеде функцијата директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.