Игор Карачиќ, најплатен „вардарец“ на сите времиња

18

Игор Карачиќ е најплатен ракометар на Вардар на сите времиња, според анализата што ја објави „Handball TV”. По сличните анализи во Барселона, ПСЖ и Веспрем, „Handball TV” денеска го посвети вниманието кон двократниот европски шампион, анализирајќи ги платите на ракометарите на „црвено-црните“ во изминатата деценија.

Рајко Продановиќ беше најплатен ракометар на Вардар во сезоната 2010/11 со плата од 3.500 евра месечно, пред голманот Борко Ристовски. Потоа на врвот на листата се искачува специјалистот за дефанзива Илија Абутовиќ, а со преземањето на клубот од Сергеј Самсоненко почнува значително да се зголемуваат и платите во Вардар.

Алекс Душебајев е првиот што ги пробива границите од 6.000 и од 7.000 евра месечно, а прв што земал 10.000 евра плата во Вардар според „Handball TV” бил голманот Арпад Штербик.

Карачиќ беше дел од тимот на Вардар уште пред да дојде Самсоненко, но платата на Хрватот почна сериозно да се зголемува од 2015 година. До крајот на „ерата на Самсоненко“, токму Карачиќ успеа да се искачи на врвот на „вечната листа на најплатени ракометар“ со 15.500 евра месечна плата, пред Дибиров и Криштопанс со по 15.000 и Арпад Штербик со 14.800 евра месечна заработувачка.