Играчите го одбија предлогот НБА сезоната да започне во декември

14

Челниците на НБА лигата добија негативен одговор на предлогот новата сезона да започне во декември.

Според првичниот план на Адам Силвер, комесарот на лигата, натпреварите треба да започнат на 22 декември. Меѓутоа, тоа значително ќе го скрати одморот на играчите, со оглед на одложениот крај на минатогодишната сезона.

Полека истекува рокот кога треба да се донесе конечна одлука. Екипите, кошаркарите и лигата треба да го одредат денот кога ќе биде означен официјален старт на новата сезона. Најприфатлива опција за ѕвездите е 18 јануари, денот кога се слави животот на Мартин Лутер Кинг.

Пандемијата одзеде неколку месеци од ланската сезона, кога заврши со финалната серија во октомври. Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс на крај се израдуваа на шампионската титула, победувајќи ја екипата на Мајами Хит.