Идеализмот и фиксните идеи

Од идеалистичкатадвојка на новиот дух, Албин Курти - Вјоса Османи, се очекуваше да се реализираат нештата што не се направени досега. За жал, нивниот залет застана на првата пречка. Од брзањето, неискуството, егоизмот, заговорот ..., каде да се знаеш. Времето ќе покажува. Сега, земи го како сакаш, ниту победниците се победници, ниту губитниците се губитници, само Косово се најде на раскрсница во лошо време

64

1. СТАРИ ИДЕАЛИСТИ И МЛАДИ ИДЕАЛИСТИ

Ниту едно значајно движење во светот не може да се направи без една специфична категорија на луѓе: идеалистите. Тие честопати, за нивните идеи, се спремни да се жртвуваат. Идеалистите донесоа револуции и контрареволуции, ја унапредија човештвото, а понекогаш ја доведоа до беззаконие.

Денеска Косово е полно со идеалисти. Најновата историја произведе многу настани, во чело на кои беа заправо идеалистите. Ги оставивме тие од порано, да ги спомнуваме само демонстрациите од 1981 година организирани од идеалистите, професорите, студентите и интелектуалците. Тогаш започна движење за рамноправно Косово во поранешна југословенска федерација, нештата се движеа за да доаѓаме во 1998-99 година кога големите идеалисти ја започнаа големата епопеја, тоа на вооружениот отпор. На виделина беше една авантура, да започнеш отпор кон силна српска држава, со тенкови и авиони, но идеалистите беа подготвени да се жртвуваат. И многу од нив се жртвувале. Судбината посака дека нивниот идеализам беше поддржан од светот (САД и НАТО) и конечно беше постигнат вековната цел. Многумина од идеалистите на војната во слободно Косово формирале партии и се нафрлија на власта. И на нив им следуваше да ги уживаат плодовите на слободата и да преземат одговорност и за градењето на државата. Меѓутоа, од како времето одминуваше, поранешните идеалисти со пушки на раме, во мир направијаи грешки. Не се избледеа идеалите за кои се бореа, не се избледи ниту нивниот придонес во војната,туку, се избледеа самите тие во мир. Затоа и нивното незадоволство дојде, станувајќи поголема од нивната некогашна поддршка, скоро речиси избришувајќи им ги нивните заслуги! ( Еден доказ дека новото го брише старото!). „Доста веќе со овие команданти“, ќе биде потценувачкиотслоган за нив, иако да си командант во ослободителна епопеја не би требало да има пежоративно значење!

Долг е списокот на неприкосновените идеалисти, од браќата Харадинај, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими, и до Фатмир Лимај и други, кои зад себе имаа воен капитал.

Потоа, во време на мир, на сцена се појавија некои други идеалисти. Тие кои со задоцнување го најдоа слоганот Ветевендосје – Самоопределување, во времето кога Косово веќе беше самоопределено! Косово имаше 130 години време да се самоопределува, но не успеа. Не дека не сакаше, не дека немаше идеалисти и не се бореа, туку затоа зошто не ги оставија тие да одлучуваат за судбините на народите. Какво самоопределување беше тоа што се нудеше од идеалистите кога Косово веќе беше слободна? Дали тоа значи дека треба да се соочат уште еднаш со Србија, во војна од почеток, затоа што не беше позициониранадобро? Ако не беше тоа, тогаш името беше малку анахронично во контекст на новата држава. Меѓутоа, терминолошкото прашање не значи дека треба да кореспондира секогаш со историската реалност, затоа што терминологијата може да биде само за ефект, а не суштината. Значајно беше дека новите идеалисти ги препознаа грешките и понудија идеи за подобро владеење, но и модел на пофункционална држава. Затоа, и се обидоа да ги спречат многу нешта, што не функциониралекако треба во новата држава. Од нивните опоненти ќе бидат третирани повеќе како уништувачи, отколку градители. Меѓутоа, идеалистите честопати уништувале нешто (старо, лошо), за да градат нешто друго (подобро) … Како поминале годините, со грешките на владите, поддршката се зголемуваше за новите идеалисти, иако во некои случаи, кон (в)ласта на Косово, се однесувале како да беше власта на Србија.

Да си идеалист и да доаѓаш на власт, треба да биде еден приоритет. Некогашниот идеализам се претворува во прагматизам. Затоа и се очекуваше дека од идеалистичката двојка на новиот дух, Албин Курти – Вјоса Османи, да се остваруваатнештата што не се направени досега. За жал, нивниот залет застана на првата пречка. Од брзањето, неискуството, егоизмот, повреденагордост, заговорот…, како да се знае. Времето ќе покажува.

Коалициската влада Движењето Самоопределување (ДС)- Демократскиот Сојуз на Косово (ДСК), освенмногу истакната погоре, идеализација, на власт ја донесоа и јасните причини (каузи). Во некои претходни написи за шансите на оваа коалиција, јас истакнав со оптимизам дека во повеќето од нив ќе донесе нови пристапи, особено дека ќе има едно подобро, посвесно владеење. Големиот прашалник го ставив на „тешките теми“. И, јас бев во право. Затоа што, тоа што нивните приврзаници не го размислувале, падот се случи на првата пречка. Тоа што во полошо време Косово остана без владата на надежта, не може да се гледа од црно-бела перспектива, како што го прават приврзаниците или противниците на Албин и вината да му ја адресираат на друга страна. Да не паднеше во својата стапица, ќе имаше шанса да ги постигне повеќето од ветените цели.

Идеализмот на Албин не е мртов. Меѓутоа, тој ќе треба да биде претпазлив во иднина, затоа што во неговата партија, како што ги идентификувале многу косовски аналитичари, се собрале секакви идеалисти од сите видови на бои, често со некомпатибилни ориентации! Кога имаш во своите редови такви што им останал во глава „американскиот империјализам“ и на други дека „Америка е сатана“, и потоа да балансираш меѓу секакви советници, не е мал проблем. Тоа може да ги намали изворните идеи со кои првично се појави Движењето Самоопределување (ДС).

2. СУДИР НА „ФИКСИРАЊАТА“ …

Комплицираната политичка ситуација на Косово, се покажа да биде покомплицирана од тоа што создаде светската закана-Коронавирусот. Се чини дека има трка и судир меѓу идеализмот и фиксирањата на едниот или другиот политичар, особено на премиерот (актуелен) Албин Курти и претседателот Хашим Тачи, кои, повеќе од кој било кој друг, взаемно имаат фиксирање!

Албин, во последниве години, отворено изразил некои фиксирања, презентирани и како предизборна платформа и како цел го имаше заправо Хашим Тачи. Хашим Тачи има поддршка на воениот политички водач, водач на делегацијата на Косово во Рамбује, прв премиер на владата, активен учесник пред и после војната, премиер кога Косово го прогласи независноста и градител на државноста на Косово. Меѓутоа, историјата не знае само заслуги, бидејќи во своето патување,опонентите ги идентификувале многу дејствија кои ја валкаат неговата биографија.

Меѓутоа, тој има неговата фикс идеја, да ја завршува нормализацијата на односите со Србија и со тоа „да се ослободи“ еднаш и засекогаш. Ветон Сурои ова негова фикција го гледа со мотивација, тоа да му влезе во неговата биографија што „се пишува“. Со такво поглавје, влегува во историја. Но, на неговиот идеализам и фикс идеја, фрла сомнеж најголемиот идеалист во моментов, Албин, кој ниту верува ниту сака судбината на Косово да му ја остави на Тачи. И таа неопходна официјална комуникација меѓу институциите, за ова кратко време, беше полна со негативна напнатост. Албин не би сакал да судбината на Косово, да зависи од „компромитираниот“ Хашим, со неговото досегашно владеење. Меѓутоа, и покрај тоа што Уставниот суд му негира таков протагонизам на дијалогот со Косово, бидејќи тоа треба да ја води Владата. Во оваа матна вода што се најде Косово, Албин, веројатно нема да биде тој што ќе му ги преземе „узурпираните“ овластувања од позиција на влада во должност послепредлог иницијатива за недоверба (моција) . Додека не се врати (ако навистина ќе биде во состојба да се врати, ако не забележува апсолутната победа) на чело на владата, се може да завршува: или оваа ареола ќе му ја скине, Авдула Хоти, кој се спомнува како мандатар на идната влада, или ќе го остават да јаводи до крајот започната работа.

Албин, во сегашната функција, се покажа дека е жртва на сопствените фикс идеи, затоа што во пожарот на политичките битки, ги изгорел сите карти. Ќе остануваат како фикс идеја „укинувањето на таксата (тарифата) со реципроцитет“, сомнежот против Хашим Тачи, Гренел и американската администрација, дека „има готов договор“, што е на штета на Косово, за којасам рече дека не го видел. (За фикс идејата за тарифата, авторството секогаш ќе го носи, Рамуш Харадинај, кој за тоа „се искара“ со ЕУ и САД, со Еди Рама, Иса Мустафа и Хашим Тачи, но не дека од тоа излезе некаква корист (тој саме убеден дека ја спречил поделбата), но само што ја мотивира повеќе Србија,за зголемување на бројот на повлекувањето на признавањата! Ја имаше фикција, што не ја напушти, ниту кога тоа му го бараше стратешкиот партнер на Косово.

3. КОСОВО ПОСЛЕ МОЦИЈАТА

Косово пред и после предлогот за недоверба на владата (моцијата) не е и нема да биде исто. Фактот што сите актери најдоа енергија да ги комплицираат работите во време на пандемија,и нивната перспектива ја направија таква, темна!

Албин, кој го најде токму оваа време да го чисти еден „вирус“ од владиниот тим, одговорот го доби многу бргу,иако навидум,со ирационално постапување, но неизбежен на ДСК. Падот беше неопходен, за поголемо повторно враќање. Така изјави премиерот сега на должност. Неговите предвидувања можат да бидат точни, затоа што од оваа ситуација тој излезе со улога на жртва и се чини логично да се враќа на следните избори, било кога да се одржуваат, со значително зголемување. Меѓутоа, друго темно предвидување е дека ДС, може да ја доживее судбината на ВМРО во Македонија, што и како победник, да се најде изолирана и да не се враќа на власт. После партиите на ПАН, веќе не може да смета ниту ДСК, освен ако на чело на нејзе не доаѓа Вјоса Османи.

Може да се вели дека ДСК излезе како победник од моцијата, но ниту нејзинатаперспектива не е толку сјајна. Прво, затоа штоможе да продолжува расколот, започнатод порано со струјата на „новата генерација“ на Вјоса Османи (многумина велат дека нема толку силна струја!). Меѓутоа, второ, најлошо дека, ако ја презема одговорноста за формирање на нова влада, ја презема и одговорноста и за најсериозен предизвик, тоа на нормализација на односите со Србија. Ако се излегува точно дека има „подготвен договор“, како што вели Албин и таа предвидува коригирање на границите, тогаш како ќе го стори тоа, кога сама беше против тоа ?! Бегањето од тоа би бил мал знак за една државотворна партија. Односите со претседателот Тачи и ДПК, остануваат и понатака нејзини црвени линии. Зад грбот ќе ја има популистичката ДС, која ја „созревала“ занаетот како опозиција, затоа не е добро да се соочуваш со нејзе. После изјавите натројката „Палмер-Гренел-Костнет, дека нема „подготвен план“ за поделба на Косово, можеби ќе му ја олеснува мисијата што евентуално може да ја преземе за новата влада и да ги води одговорно разговорите за нормализирање на односите со Белград.

Затоа, земи го како да го земаш, ниту победниците се победници, ниту губитниците се губитници, само Косово се најде на раскрсница во лошо време.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)