ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК ОД ПРЕД КРИВИЧЕН, бил спроведуван на судење

51

На затворската полиција утрово и избегало лице кое било спроведувано до Кривичниот суд. Лицето било спроведено до судот за рочиште, но најверојатно ја искористило гужвата пред Судот и избегало, објави Курир.

Од Министерството за правда потврдиле дека утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

-Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда

Според Телма станува збор за Амир Закири кој се товари за поттикнување и криумчарење мигранти, како и за перење пари.