Избирачкиот список ќе има 1,8 милион гласачи, ќе се гласа и во спортски сали

20

Државната изборна комисија (ДИК) в среда ќе го заклучи Избирачкиот список и во него ќе бидат нешто повеќе 1.814 000 граѓани, рече првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, на заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Прецизната бројка ќе биде позната в среда, а потоа списокот ќе се генерира и ќе се предаде на печатење. Избирачкиот список континуирано се чисти и затоа има високо ниво на прочистеност, па не треба да има загриженост околу тоа прашање“, истакна Деркоски.

Изминатата недела, членовите на ДИК направиле проверка на сите избирачки места, а голем број од нив ќе се дислоцираат за изборите на 15 јули за да се задоволат критериумите за заштита од коронавирусот.

„Дислоцираме огромен број избирачки места кои не ги задоволуваа критериумите, заменивме многу избирачки места, обезбедивме гласање во спортски сали онаму каде што има“, рече Деркоски.