ИЗБОРИ 2020: До 17 часот, 360 000 гласачи помалку споредено со 2016 година

45

Бројот на гласачи кои излегле да гласаат на овие избори до 17 часот е приближно за една третина понизок споредено со претходните парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016 година. Во бројки, до 17 часот на изборите во 2016 година излегле 1 065 792 гласачи, додека на овие избори во истиот временски период вкупно 705 515 избирачи.

Иако не е единтичен, ваквиот тренд е видлив во сите изборни единици. Како што покажува графиконот подолу, во апсолутни бројки, најголема разлика во бројот на гласачи до 17 часот има во Изборната единица (ИЕ) 1, која го опфаќа поголемиот дел од Скопје, а каде излегле околу 70 000 гласачи помалку. Односно во 2016 до 17 часот имало 195 864 гласачи кои го оствариле своето право а сега таа бројка е 127 005. Најмала е разликата во ИЕ 5, која меѓудругите ги опфаќа Битола, Охрид, Струга, Кичево, каде до 17 часот во 2016 година имало 169 440 гласачи а сега има 49 281 помалку или 120 159.

 

Доколку се споредува излезноста во процентни поени, најголемата негативна разлика повторно е во ИЕ 1. На минатите парламентарни избори излезноста до 17 часот била повисока за 25,25% процентни поени. Најмала разлика, пресметана на овој начин, има во ИЕ 6 која го опфаќа полошкиот регион. На овие избори таму излезноста е помала за 17,23% процентни поени. Сепак, мора да се потсети дека излезноста во оваа Изборна единица во 2016 беше значително пониска од другите изборни единици.