Изборот што го направи претседателот Радев е максимално можниот избор за трет мандат во сегашната ситуација, смета привремениот премиер Донев

2

 

Изборот што го направи претседателот Румен Радев е максимално можниот избор за трет мандат во сегашната ситуација. Ова го истакна привремениот премиер на Бугарија, Галаб Донев пред новнарите на форумот „Бугарската енергетика-Стратегија 2023-2053“, организирана од Министерството за енергетика.

Ако треба да го оценам изборот на претседателот, посочи, секако дека тој ја направил својата анализа и своето темелно истражување.

– Ја знаете политичката ситуација во последните неколку дена, знаете за откритијата во врска со структура за криптовалутите. Знаете дека се зборува за вмешаност на лица од политички средини…Значи, изборот што го направи претседателот е максимално можниот избор за трет мандат во сегашната ситуација, изјави Донев.

Претседателот Румен Радев вчера му го врачи третиот мандат за формирање влада на претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“. Според Уставот, доколку и третата партија не успее да формира кабинет, шефот на државата мора да го распушти Националното собрание, да закаже нови избори и да назначи преодна влада.

На прашањето дали е можно повторно да биде премиер во официјален кабинет поставен од претседателот, Донев одговори дека не се воделе разговори на таа тема.