Избрани нови членови на здружението на јавни обвинители

5

Здружението на јавни обвинители вчера одржа Изборно собрание на кое за членови на Извршниот одбор на Здружението беа избрани Анита Тополова Исајловска, Елвин Вели, Наум Паноски, Ирина Трајкоска Стрезоски, Стојанчо Арнаудоски, Деса Пауновска, Башким Хисени, Јелена Колева Доагазанска, Виолета Милчовска, Катерина Коларевиќ, Ана Гоговска Јакимовска, Спасенка Андонова и Катерина Панева.

Како што информираат денеска од Јавно обвинителство, од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева.

– Во следниот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.