Излезност до 11:00 часот според ДИК

115

Излезноста до 11 часот на ниво на цела Македонија е 6,74 отсто покажуваат податоците на веб страницата на Државната изборна комисија.

Според податоците на ДИК, највисока е излезноста во Изборната единица 1, 8,33 отсто.

Потоа следуваат ИЕ3, каде на гласање излегле 8,05 отсто од гласачите. Во ИЕ4 излезноста 7,77 проценти, во ИЕ2 6,68 отсто, во ЕИ5 6,2 проценти. Најниска е излезноста во ИЕ6, каде до 11 часот на гласање излегле 3,63 проценти од гласачите.