Изминатото деноноќие Немало ниту еден прием на пациент во скопските ковид-центри

18

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хема хоспитализирани пациенти поради компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Немало прием на Институтот за ТБЦ, ниту во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во земјава има 1.070 активни болни од ковид-19.

Во Скопје вкупно во болница се лекуваат 58 болни од ковид-19. Во Ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти, во „8 Септември“ има 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32 пациенти.

„Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството.

Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 83 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 8 пациенти, во Штип се хоспитализирани 9 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 21 пациент. Во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп 6, во Гостивар 3, а во Струга 3 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица.

На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 141 пациент и има околу 430 празни болнички кревети во Ковид-центрите.