Изминатото деноноќие полицијата напиша 445 казни за неносење маска

12

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала 445 прекршоци по однос на мерката за носење заштитна опрема на носот и устата.

Казната изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место тогаш е 10 евра.

Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19.