Израелскиот премиер на обвинителна клупа за корупција

14

Израелскиот јавен обвинител покрена обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху за корупција, со што се зголеми политичката неизвесност во земјата која настана по двата изборни циклуси годинава. Обвинителот Авичаи Манделблит го обвини Нетањаху за измама, кршење на доверба, и примање на мито во три различни скандали. Ова следува по тригодишна истрага. Според израелските закони јавните службеници треба да поднесат оставка ако се обвинети за кривично дело, но тој закон не важи за премиерот. Во обвинението е наведено дека Нетањаху добивал скапи подароци од богати пријатели и дека се обидел поволно за себе да влијае врз медиум.

„ Тој и неговата сопруга Сара добивале скапи цигари, шампањ и други подароци во вредност од вкупно 280 илјади долари во текот на неколку години од израелскиот филмски продуцент Арнон Мичан и австрискиот бизнисмен Џејмс Пакер. За возврат Нетанјаху предложил закон за даночни олеснувања од кои најголем бенефит имал Милчан“, се вели во обвинението.

Манделбит пред новинарите изјави дека обвинението е „жестоко донесено решение“ засновано само врз професионални размислувања и информации.

Сепак, ова е прв пат израелски премиер кој се уште е на функција да биде обвинет за кривично дело.